недела, 1 декември 2024

Политико: Поради Русија Швеѓаните масовно се пријавуваат за воени резервисти

Шведска ја трансформира својата резервистичка Национална гарда, од единица што многумина практично ја сметаа за хоби во борбена сила што стана толку привлечна за младите Швеѓани што мора да одбива кандидати.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Причина? Руската инвазија на Украина и сѐ почестата загриженост, која лидерите на земјата ја зголемуваат, дека Шведска мора да се подготви за војна. Ова, пишува Политико, е огромна промена во однос на последните неколку децении во кои Националната гарда – која имаше околу 23.000 пријавени лица и служеше како поддршка за професионалната армија – падна во немилост по крајот на Студената војна. Така, Националната гарда стана група од претежно средовечни граѓани, од кои многумина не ги сфаќаа премногу сериозно своите должности.

Во 2001 година, во еден владин извештај беше забележана тревога во вооружените сили поради падот на бројот на членовите на Националната гарда.

„Кога се приклучив, имав 21 година, многу помлад од просекот“, рече Александар Раум, кој се пријавил во 2009 година, околу 18 месеци по отслужувањето на воениот рок во артилеријата. „Тоа беше како остаток од Студената војна.“

Неколку години по распадот на Советскиот Сојуз, владата го укина речиси автоматското запишување во Националната гарда за луѓето што ја завршиле својата воена служба. Суспендирањето на воената обврска во 2010 година беше уште еден удар за Гардата.

Но илегалната руска анексија на Крим во 2014 година и влијанието да се почне сепаратистичка војна во источна Украина поттикнаа масовно преиспитување на безбедносните прашања низ цела Европа.

Изминатава деценија Националната гарда претрпе низа реформи што подобро ја поврзаа со другите гранки на војската. Наместо оружјето што претходно го користеа професионалните армиски единици, гардистите сега добиваат ново оружје.

Сепак, до пред две години, регрутирањето беше слабо, а повеќето единици на Националната гарда не ги ни завршуваа задолжителните денови на служба. Во 2020 година, 20.000 луѓе се пријавија за Гардата, што е огромен пад од околу 120.000 во средината на 1980-тите.

Руската закана

Сето тоа се промени со руската инвазија на Украина во 2022 година.

Таа година, 29.101 Швеѓанец се пријавија да служат во Националната гарда, што е за 619 отсто повеќе од просечната година.

Шведските помошни организации за одбрана, исто така, забележаа зголемување на апликациите за членство.

Во првите две недели од војната, 640 луѓе се приклучија на Лотас, женска група за логистичка поддршка на армијата. Тоа е приближно бројот на нови членови што Лотас обично ги добива во цела година.

До крајот на 2022, друга помошна организација, Шведската федерација за доброволно одбранбено образование и обука доби 3.795 нови члена – од само 46 претходната година.

Една организација што обучува возачи за должности во пошироката одбрана на земјата во меѓувреме го удвои бројот на новите членови.

Војната, исто така, ја поттикна Шведска да ја напушти својата долгогодишна политика на воено неврзување и да поднесе барање за членство во НАТО, заедно со соседна Финска. Барањето на Шведска сѐ уште чека одобрение од Унгарија.

Предупредувањата за можна војна со Русија не стивнуваат. Во првата недела од оваа година, шведските политичари и воени лидери се собраа на својата годишна конференција Народот и одбраната со отрезнувачка порака.

„Може да имаме војна во Шведска“, предупреди министерот за цивилна одбрана Карл Оскар Болин.

Премиерот Улф Кристерсон исто така неколку пати ја спомна војната.

„Не може да се исклучи оружен напад врз Шведска. Војната може да дојде и кај нас“, рече министерот за одбрана Пал Јонсон.

Пријавување

Чувството на итност предизвикува уште повеќе луѓе да ѝ се приклучат на Националната гарда.

Во првите две недели од јануари, се пријавиле околу 1.200 луѓе, четири пати повеќе отколку во истиот период во 2023 година.

„Пред 15 години, многу луѓе ја гледаа Гардата како хоби, како планинарење или лов“, вели Раум. „Сега сфаќаат дека тоа е клучен дел од нашата безбедност.“

Конрад Линдблад, кој ѝ се приклучил на Националната гарда пред седум години по завршувањето на воената служба во 2004 година, рече дека пријателите и познаниците одеднаш почнале да го прашуваат како да се приклучат. Тој вели дека забележал дека и неговата сопствена мотивација се зголемува.

„Кога се приклучив, сакав да правам нешто поразлично од она што го правам во работниот ден во канцеларија, и бидејќи уживав во мојата воена служба, знаев дека тоа е вистинското за мене“, рече тој. „Но кога станав дел од него, сфатив дека Домашната гарда е исто така сериозен потфат, усогласена со другите вооружени сили. И почнав да размислувам зошто го правам тоа. Го правам тоа затоа што можам да придонесам за нашата одбрана. Ако луѓето како мене не го сторат тоа, кој ќе го стори? Не можеме да земеме здраво за готово дека Шведска ќе има слобода и демократија“.

Сега толку многу луѓе сакаат да се приклучат што на Гардаата ѝ е тешко да држи чекор.

Апликантите мора да бидат оценети, а ако не служеле воена служба (што многумина не го направиле, иако Шведска го врати ограниченото регрутирање во 2018 година) тие мора да поминат брз воен курс. И тогаш мора да се најдат места за нив во блиските единици.“

„Немаме доволно места за да примиме многу луѓе“, рече Линдблад. „Ќе ни требаат нови единици за да примиме значителен број нови членови, но за тоа е потребно време, особено затоа што не можете да имате единици составени само од нови луѓе. Од друга страна, ако ги оставите луѓето да чекаат, тие губат интерес.“

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ