среда, 4 декември 2024

Вучиќ: Србија нема никаква врска со експлозијата на каналот Ибар-Лепенац

Српскиот претседател Александар Вучиќ ги отфрли обвинувањата на Приштина дека Србија има некаква врска со експлозијата на каналот Ибар-Лепенац во општина Зубин Поток.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Вучиќ на форумот „Младите на Србија, стапици и шанси“ организиран од Српската напредна партија (СНС) изјави дека нема намера никому да се правда, и дека и Приштина знае дека Србија не стои зад тоа.

Косовскиот премиер Аљбин Курти синоќа ја обвини Србија дека е одговорна за тој напад.

Синоќа околу 19 часот е фрлена експлозивна направа во водоводниот канал Ибар-Лепенац во селото Вараге, општина Зубин Поток, што предизвика големи загуби на вода во каналот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ