Вест Хем и Арсенал одиграа спектакуларни први 45 минути и мирно второ полувреме во дербито на Лондон.
Шоуто почна со голот на Габриел во 10. минута, Тросар зголеми на 0-2 во 27. минута, а Одегард од пенал донесе 0-3 во 34. минута, за 120 секунди подоцна, Хаверц да реализира за 0-4 и да натера дел од домашните навивачи предвреме да го напуштат стадионот.
Ван Бисака намали на 1-4, а Емерсон убаво погоди од слободен удар за 2-4 и ја врати неизвесноста.
Сепак, длабоко во судиското надополнување, голманот Фабиански реагираше неспретно, направи нов пенал, а Сака од белата точка беше прецизен за 2-5.
Во продолжението од мечот, двета тима не беа на новото од првото полувреме, беа креирани премалку шанси, па немаше промена на резултатот.