„На територија на град Скопје изречени се вкупно 183 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 66 санкции, 11 мерки за возење без возачка дозвола, три санкции за нерегистрирани возила. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, 25 санкции за управување под дејство на алкохол, една мерка за минување на затворен сигнал (црвено светло)…“, соопштија од СВР Скопје.
оттаму велат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот.