сабота, 30 ноември 2024
Акција на МВР

Полицијата апсеше во Битола, Струга, Струмица и Тетово, запленети се дрога, злато, компјутери, часовници, пари

Објавено на

часот

Сподели

„Во пронајдените предмети кај Т.П. од Битола се кутија со бела грутчеста материја, бела прашкаста материја, повеќе ќеси со остатоци од бела прашкаста материја, две дигитални ваги со остатоци од кокаин, таблети, нож со остатоци од кокаин, скенер-детектор, лаптоп компјутер, два мобилни телефона, пет екслузивни рачни часовници, повеќе парчиња златен накит, над осум илјади евра во различни апоени, 600 австралиски и 800 американски долари, 30 илјади денари, патничко возило “БМВ”, со битолски регистарски ознаки“, соопштија од МВР.

Оттаму велат дека за случајот е известен јавен обвинител и по целосното  документирање против Т.П. ќе следи соодветна пријава.
А петнаесетина минути пред 17 часот полицајци од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје во Струга го уапсиле А.Л. Полицијата извршила претрес во неговото возило „ауди“, со струшки регистарски ознаки на улицата „Петар Ѓончески Гиле” во Струга, при што пронашле и одзеле осум пакувања со хероин.
 
„По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, велат од МВР.

Претходно, во текот на изминатото деноноќие претреси со судски наредби  биле извршени и во Струмица, при што во домот на Д.П. од село Ангелци, струмичко, бил пронајден предмет кој потекнува од извршено кривично дело разбојништво, додека во Тетово во домот на Б.Х. била пронајдена и одземена марихуана. И двајцата се приведени, а од МВР велат дека и против овие двајца приведени и осомничени ќе поднесе кривични пријави.

 
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ