вторник, 19 ноември 2024
Грузија

Полицијата во Тбилиси го разби шаторскиот камп на демонстрантите кои бараат нови избори

Полицијата во Тбилиси рано утринава го разби шаторскиот камп што демонстрантите го поставија на главната улица во знак на протест против резултатите од парламентарните избори минатиот месец и побараа ново гласање.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

На изборите одржани на 26 октомври партијата Грузиски сон остана на власт, но противниците тврдат дека гласањето било наместено. Таа партија блиска до Русија на тој начин обезбеди четврти мандат на власт.

Многу Грузијци на изборите гледаа како на референдум за обидот на земјата да се приклучи на Европската унија. Оттогаш се одржаа неколку големи протести.

Кога поставија шаторски камп, демонстрантите ветија дека ќе останат деноноќно за да бараат нови парламентарни избори.

Во обидот полицијата да ги растера, настанала тепачка и неколку демонстранти биле приведени, јави известувач на Асошиетед прес. Некои од демонстрантите истакнаа знамиња на Европската унија.

Претседателката на државата Саломе Зурабишвили ги отфрла официјалните резултати и смета дека Грузија е жртва на руски притисок за да не влезе во Европската унија.

Таа вчера најави дека ќе поднесе жалба до Уставниот суд со тврдење дека се прекршени два основни принципа загарантирани со Уставот – тајност на гласањето и универзалност.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ