петок, 13 декември 2024

ФСБ објави видео од експлозија на автомобил во која загина капетан на Црноморската флота (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Руската ФСБ објави видео од експлозијата на автомобил во која загина командантот на руската Црноморска флота Валериј Транковски во Украина минатата недела. На видеото се гледа моментот на експлозијата на автомобилот што го управувал Транковски.

Објавено на

часот

Сподели

Според медиумите од Украина, две лица се приведени поради „тероризам“, 38-годишна жена и 47-годишен маж, а според руските медиуми, 38-годишната жена го надгледувала Транковски, додека 47-годишниот маж е обвинет дека поставил експлозив во автомобилот.

Експлозијата на автомобил во која животот го загуби командантот на руската Црноморска флота се случи на 13 ноември во Севастопол, град во окупираниот Крим, а украинската новинска агенција РБЦ-Украина објави дека експлозијата е резултат на успешна операција на Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Валериј Транковски и претходно беше обвинет од Украинците за воени злосторства, откако руската Црноморска флота изврши серија ракетни напади врз цивилни цели во Украина, кои според Украинците ги наредил Транковски. Егзекуциите на руски функционери обвинети за воени злосторства во последно време се зачестени, а ова е трета егзекуција на висок руски функционер за еден месец.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ