среда, 4 декември 2024

Путин му се закани на Западот и ја промени нуклеарната доктрина

Рускиот претседател Владимир Путин денеска одобри ажурирана верзија на нуклеарната доктрина и рече дека Русија може да размисли за употребата на нуклеарно оружје доколку биде изложена на напад со конвенционални ракети со поддршка на нуклеарна сила.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Одлуката за промена на официјалната нуклеарна доктрина на Русија е одговор на Кремљ на најавената одлука на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден да ѝ дозволи на Украина да користи американски ракети со долг дострел за напади длабоко во Русија.

Ажурираната доктрина, која ги опишува заканите што ќе го принудат раководството на Русија да размисли за нуклеарен напад, вели дека нападот со конвенционални ракети, беспилотни летала или авиони може да се смета за закана.

Беше наведено и дека секоја агресија на земја-членка на коалицијата против Русија, Москва ќе ја смета како заедничка агресија на целата коалиција.

Само неколку недели пред американските претседателски избори во ноември, Путин нареди промени во нуклеарната доктрина за да се наведе дека секој конвенционален напад врз Русија со помош од нуклеарна сила може да се смета за заеднички напад врз Русија.

Две и полгодишната војна во Украина ја предизвика најтешката конфронтација меѓу Русија и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година, која се смета за најблиску до нуклеарна војна на двете суперсили од Студената војна.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ