среда, 11 декември 2024

Мелони доживеа неуспех на регионалните избори

Италијанската премиерка Џорџа Мелони претрпе редок изборен неуспех бидејќи нејзината конзервативна коалиција ја изгуби контролата врз еден регион и беше поразена во друг, кој веќе беше упориште на левиот центар.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Двојните победи на Демократската партија (ПД) и нејзините сојузници во Умбрија и Емилија-Ромања послужија како поттик за левиот центар, кој не успеа да ѝ нанесе политички удари на Мелони откако таа ја презеде власта во 2022 година.

„Ова е знак за тоа колку далеку можеме да одиме кога сме обединети и фокусирани на целта“, рече лидерот на ПД Ели Шлајн, признавајќи дека длабоката поделеност меѓу опозициските партии претходно ѝ помогна на десницата да ја зацврсти својата власт врз поголемиот дел од Италија.

Левицата владее со богатиот регион Емилија Ромања од Втората светска војна и очекуваше потврда на тоа расположение и на локалните избори на 17 и 18 ноември. Но, резултатот се покажа дека е уште подобар од очекуваното, при што Микеле Де Паскале, кандидатот на ПД, освои речиси 57 отсто од гласовите – значително повеќе од 51 отсто што левицата ги освои на последните избори во регионот во 2020 година.

Умбрија, која се наоѓа северно од Рим, исто така беше бедем на левицата сè додека десницата не го сруши тој тренд во 2019 година, кога член на антиимигрантската партија Лига стана гувернер. Но, владеењето на десницата траеше само еден мандат.

Мелони, која е на самитот на Г-20 во Бразил, брзо го призна поразот и изрази желба за конструктивни односи со победниците на изборите во Умбрија и Емилија Ромања.

По победата на националните избори во 2022 година, коалицијата на Џорџа Мелони победи на девет регионални избори, додека левиот центар до вчера победи само на еден. Десницата води во националните анкети веќе две години, а партијата Браќата од Италија на Џорџа Мелони сè уште е најпопуларната политичка партија во земјата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ