Дуелот за титула се играше во фантастична атмосфера пред повеќе од 21.000 гледачи на Партизан. Беше интересно иако во еден момент изгледаше дека ќе биде досадно.
Партизан во еден момент имаше предност од 21 поен разлика, тогаш се чинеше дека лесно ќе го финишираат мечот, но Црвена звезда се врати. Црвено-белите на почетокот од четвртата четвртина намалија на -4, се држеа некое време на мала негатива, но тимот на Обрадовиќ повторно додаде гас и дојде до победа од 96-85.
Пантер со 27 поени беше најефикасен во составот на Партизан, Ледеј постигна 15. Кај Црвена звезда Добриќ реализираше 18, Бентил 12.
За Партизан ова беше седма титула во АБА лигата со што повторно е на врвот по освоени трофеи во ова натпреварување, Црвена звезда има шест.