четврток, 28 ноември 2024

Пјастри најбрз низ улиците на Баку, Мекларен го симна Ред Бул од врвот

Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри дојде до својата втора победа оваа сезона откако денеска триумфираше на трката за Големата награда на Азербејџан која се возеше низ улиците на Баку.

Објавено на

часот

Сподели

Оскар Пјастри успеа да му доенсе важна победа на Мекларен, Шарл Леклер не успеа да дојде до триумф иако прв ја стартуваше трката во Баку.

Ферари и Леклер тргнаа од стартната позиција, на почетокот имаа предност, но Пјастри успеа да го престигне и да го издржи притисокот до крајот на трката.

Пјастри одби неколку директни обиди за претекнување на Леклер и на крајот сосема заслужено стигна прв на целта.

Перез беше блиску да дојде до второто место, но Леклер се задржа таму. Трката ја одбележа судирот меѓу Перез и Саинц, Шпанецот и Мексиканецот завршија во заштитната ограда. Двајцата возачи не продолжија.

Покрај Пјастри и Леклер, на подиумот се најде и Расел кој заврши како трет. Во топ десет беа уште Норис, Ферстапен, Алонсо, Албон, Колапинто, Хамилтон и Берман.

До промена дојде во генералниот пласман во конкуренцијата на конструктори каде сега Мекларен со 476 бода изби на првото место пред Ред Бул кој има 456, трет е Ферари со 425.

Ферстапен иако не победува на последните трки, го држи првото место со 313 бодови, Норис е втор со 254, Леклер има 235, а Пјастри 222.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ