четврток, 19 септември 2024

Пи Диди уапсен поради трговија со луѓе

Хип-хоп магнатот Шон „Диди“ Комбс е уапсен во Њујорк под „неодредени федерални обвиненија“, изјавија федералните власти, јави Би-Би-Си.

Објавено на

часот

Сподели

Апсењето на Менхетен уследи по рациите на два негови имоти во Лос Анџелес и Мајами во март. Лице блиско до обвинителството за „Њујорк тајмс“ изјави дека верува оти познатиот американски рапер е обвинет за рекетирање и трговија со луѓе во својство на сексуална експлоатација.

Адвокатот на Комбс, Марк Ањифило, рече дека се „разочарани“ од апсењето и дека неговиот клиент е „невин човек“. Музичарот се соочи со низа обвинувања, од сексуален напад до малтретирање, вклучувајќи ги и оние од неговата поранешна партнерка Касандра „Каси“ Вентура. Тој негираше се за што беше обвинет.

Адвокатот рекол дека музичарот соработувал во истрагата што довела до покренување на обвинението и „доброволно се преселил во Њујорк минатата недела во очекување на овие обвиненија“. Неговиот тим тврди дека е невин и вели дека нема што да крие.

Шон „Диди“ Комбс е музичка икона, претприемач кој сè сам стекнал, семеен човек полн со љубов и докажан филантроп кој последните 30 години ги помина градејќи империја, но исто така, се грижеше за своите деца и работеше на подобрувањето на условите во кои живее афроамериканската заедница. Тој не е совршена личност, но не е криминалец“, изјави Ањифило за Си-ен-ен.

Ањифило ги замолил граѓаните „да не го осудуваат неговиот клиент додека не ги дознаат сите факти. Во прашање се дела на невин човек кој нема што да крие и со нетрпение очекува да ја одбрани својата чест на суд“.

Исто така, во понеделникот, Демијан Вилијамс, американскиот обвинител за јужниот округ на Њујорк, објави дека „рано оваа вечер, федералните агенти го уапсија Шон Комбс, согласно запечатеното обвинение поднесено од СДНИ“, додал тој.

На почетокот на оваа година, Комбс беше предмет на повеќемесечна истрага за трговија со луѓе што ја спроведе Агенцијата за истраги за внатрешна безбедност, која вклучуваше детални претреси во домовите на музичарот во Лос Анџелес и во Мајами.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ