Пол позицијата на трката ја имаше Шарл Леклер, но Ред Бул покажаа дека оваа сезона го имаат најдобриот болид, па Перез и Ферстапен завршија пред возачот на Ферари.
Ферстапен го мина Леклер уште во третиот круг, а потоа тоа го направи и Перез. Клучниот момент во трката беше излетувањето на Ник де Фрис од Алфа Таури по што следуваше влегување во боксот, Перез излезе пред Леклер и Ферстапен и остана на челната позиција.
До крајот на трката Ферстапен повторно го помина Леклер, но не можеше и својот клупски колега, Перез.
На четвртото место заврши Фернандо Алонсо, потоа следуваше Карлос Саинс, а во топ десет беа уште Луис Хамилтон, Ленс Строл, Џорџ Расел, Естебан Окон и Ландо Норис.
На крајот можеше да се случи и голем инцидент. Во последниот крут го трката во боксот влезе Окон, а очигледно никој не ги извести фотографите за тоа кои се најдоа на неговиот пат, за среќа избегаа брзо и не се случи несреќа.
What the hell… photographers IN A LIVE PIT LANE when Ocon is coming in#AzerbaijanGP pic.twitter.com/oV80erpwZ0
— Mr Matthew CFB (@MrMatthewCFB) April 30, 2023