Тој додаде дека се надева дека Владата и покрај лавината од критики нема да ги турка законите кои нема потреба да бидат туркани со европско знаменце, затоа што според него, треба да има поширока општествена дебата бидејќи многу судбини, кариери, опстанокот на многу наши граѓани е засегнат со конкретниот закон и со некои други закони кои поминуваат во забрзана процедура.
Пендаровски: Ако е злоупотребено европското знаменце, нема да го потпишам Законот за игри на среќа
Не можам да верувам дека навистина до крај тоа ќе се случи, дека со европско знаменце вие би форсирале закон за кој е јасно уште отсега дека не постои јасна европска директива наспроти сите оние критики кои ги имавме и од САД кои не се членка на Европската Унија, и од евроамбасадорот тука во Скопје, изјави претседателот Стево Пендаровски во синоќешното интервју за емисијата „360 степени“ на МТВ.
Објавено на
часот