Пелистер претходно го најави ангажманот на Мамадук, а од денеска тој и официјално е во редовите на битолскиот тим.
Тој во Пелистер доаѓа од Кувајт, додека во Европа најмногу се истакна во Монпелје и ДИнамо Букурешт.
Мамадук е играч кој игра на позицијата кружен напаѓач, за Египет има повеќе од 200 настапи.
Новото засилување на битолчани може да се пофали и со трофеј од Лигата на шампионите, во 2018 триумфираше со Монпелје. Со екипата на Ал-Џаиш ја освои и азиската Лига на шампиони.