вторник, 24 септември 2024

Папата сепак ќе патува во Луксембург и Белгија и покрај настинката

Папата Франциско според планираното ќе отпатува за Белгија и Луксембург, соопшти денеска Ватикан и покрај претходните извештаи во медиумите дека папата ги откажал сите активности поради блага настинка.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни изјави дека откажувањето на активностите се однесува само на аудијенцијата закажана за денеска, пренесува АП.

Претходно денеска Ватикан соопшти дека активностите на папата се откажани како мерка на претпазливост.

Според планот, папата во четврток ќе отпатува за Луксембург, а викендот ќе биде во Белгија.

На почетокот на оваа година Папата веќе ги откажа своите активности поради настинка и бронхитис, а за време на двонеделната посета на Југоисточна Азија и Океанија беше во добра здравствена состојба – присуствуваше на повеќе од 40 настани и помина речиси 33.000 километри.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ