„Мерките и ограничувањата на САД, нашиот сојузник во НАТО, имаат негативно влијание врз чувството на доверба и јасно е дека отстранувањето на Турција од програмата за борбени авиони Ф-35 и вклучувањето на Анкара во програмата за санкции ЦААТСА е во спротивност со духот на Алијансата“, рече Ердоган во Њујорк, а пренесува агенцијата Анадолија.
Откако Турција ги купи руските ракетни системи С-400 во 2019 година, тогашниот американски претседател Доналд Трамп ја суспендираше Турција од учеството во програмата за борбени авиони Ф-35, тврдејќи дека рускиот систем ги „загрозува“ американските авиони.
Турција постојано нагласува дека нема конфликт на интереси и дека е суспендирана од програмата и покрај исполнувањето на обврските предвидени со програмата.
Анкара верува дека борбените авиони ќе ги зајакнат и НАТО и Турција, наведе Анадолија.