Ватикан денес официјално соопшти дека Франциско ќе се откаже од вековната пракса на погребување на папата во три поврзани ковчези од чемпрес, олово и даб.
Наместо тоа, Франциско ќе биде погребен во еден, поцинкуван дрвен ковчег.
Неговото мртво тело нема да биде изложено на врвот на крената платформа во базиликата Свети Петар за да можат да го видат посетителите во Рим, како претходните папи.
Посетителите ќе бидат добредојдени да му оддадат почит, но телото на Франциско би требало да биде во затворен ковчег.
Франциско, кој на 17 декември полни 88 години, во последните години повремено има здравствени тешкотии, но се чини дека во последните месеци е во добра форма.
Сега користи инвалидска количка поради болките во колената и грбот, но во септември два пати патуваше во странство и беше домаќин на голем едномесечен самит на католичките поглавари во Ватикан во октомври.
Папата минатата година кажа дека сака да ги поедностави долгите погребни обреди кои биле одржувани за неговите претходници. Франциско тогаш најави дека ќе биде првиот папа погребен надвор од Ватикан по повеќе од еден век. Наместо да биде погребен со други 91 папа во базиликата Свети Петар, Франциско кажал дека сака да биде погребен во римската базилика Света Марија Велика, посветена на Богородица.
Во таа црква папата Франциско традиционално се моли пред и по секое свое патување во странство. Последниот папа погребен надвор од Ватикан бил Лав Осми, кој починал во 1903 година и е погребен во римската базилика Свети Иван Лутерански.