недела, 20 октомври 2024

Палевски ќе биде спроведен во притвор веднаш штом ќе биде пронајден и вратен во Македонија

Скопскиот Кривичен суд му определи мерка 30-дневен притвор на првоосомничениот за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска, и 74-годишниот велешанец Панче Жежовски, Љупчо Палевски со прекар Палчо, кој е во бегство, а која ќе биде спроведена по неговото пронаоѓање и лишување од слобода, информираа утрово од судот.

Објавено на

часот

Сподели

„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство Скопје, донесе решение со кое го прифати предлогот на обвинителството и на Љ.П. со прекар П. Од Скопје, му определи мерка притвор од 30 дена од денот на неговото пронаоѓање и лишување од слобода, а поради опасност од бегство, попречување на кривичната постапка со влијание врз сведоци или поради можноста да го повтори кривичното дело. Согласно наредбата за спроведување истражна постапка, за лицето постои основано сомнение за кривичните дела убиство, грабнување и предизвикување општа опасност“,  соопшти денеска Основниот кривичен суд Скопје.

Претходно вчера, Кривичниот суд на предлог на скопското Основно јавно обвинителство за осомничениот кој е во бегство по итна постапка донесе Наредба за спроведување истрага за кривични дела грабнување и убиство, а Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Палевски.

„Љупчо Палевски роден на 12.12.1964 година во Скопје. Се бара со меѓународна потерница за истрага за кривични дела грабнување и убиство по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје“, пишува во потерницата што ја распиша МВР.

Од Судот потсетуваат дека во текот на вчерашниот ден, на предлогот на Јавниот обвинител, судија на претходна постапка им определи мерка краткотраен притвор од 48 часа на таткото на Вања, Александар Ѓорчевски, заради опасност од бегство и попречување на истрагата со влијание врз сведоци и на Велибор Манев, Влатко Кешишов и Боре Видевски, заради опасност од бегство, влијание врз сведоци и страв дека ќе го повторат односно извршат ново кривично дело. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ