недела, 20 октомври 2024

Палевски да биде задржан во притвор во Турција, побара Министерството за правда од турските власти

Министерството за правда од надлежните турски власти побара Љупчо Палевски да биде задржан во притвор поради екстрадиција сѐ до завршувањето на постапката. Очекуваме од Република Турција веднаш да постапи по нашето барање, велат од министерството и објаснуваат дека барањето за притвор во Турција е поради обемната процедура пред испраќањето на барањето за екстрадиција која подразбира прибирање на потребната документација од повеќе институции, превод на турски јазик и испраќање на барањето по брза пошта.

Објавено на

часот

Сподели

Министерството за правда соопшти дека утрово во 9:20 часот доби официјално известување од Интерпол, дека лицето Љупчо Палевски, баран со меѓународна потерница е лишен од слобода во Турција.

Понатаму во соопштението детално се објаснуваат процедурите:

„Министерството за правда ја отпочна постапката за екстрадиција и ги прибира сите документи од институциите кои се потребни за нејзина реалзиација. Направени се контакти со ЈОРСМ и ОЈО Скопје  за да се комплетираат уредно списите како би можело Министерството за правда да постапува. Во координација сме со сите засегнати институции за да постапиме веднаш и  нема да чекаме да измине рокот од 40 дена за да го доставиме барањето за екстрадиција.

Во постапката треба да ги преземеме следните активности:
1.        Треба да ги примиме списите
2.        Треба да се изготви барање за екстрадиција
3.        Сите документи  треба да се преведат на турски јазик (ОЈО ги преведува своите а                              Министерството за правда  барањето за екстрадиција)
4.        Се праќа по ДХЛ (претходно праќаме електронски преку Интерпол)

Во однос на законската постапка за екстардиција информираме дека Министерството за правда постапува по добиено известување дека лице барано по меѓународна потерница е лоцирано или лишено од слобода во странска држава.

Откако ќе се добие тоа известување (најчесто од МВР – СМПС – ИНТЕРПОЛ) се прибавуваат списи од органот кој ја издал наредбата да се распише меѓународната потерница.

Кога ќе се добијат списите од органот кој ја издал меѓународната потерница се пристапува кон изготвување барање за екстрадиција.

Министерот за правда, или лице овластено од него, го потпишува барањето за екстрадиција.
Потоа комплет списите се праќаат до централниот орган (најчесто Министерство за правда) на државата каде што е бараното лице.

По завршување на постапката пред странската држава се договара превземање на лицето преку Министерствата за внатрешни работи (канцелариите на ИНТЕРПОЛ)1.

Министерството на крајот вели дека за сите свои активности ќе информира навремено.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ