вторник, 26 ноември 2024

Откриен шверц со нафта на македонско-албанската граница

Полицијата на граничниот премин „Ќафасан“ на албанско–македонската граница, кај Струга, откри 1,8 тони нафта шверцувана од Македонија, соопшти Полицискиот комесаријат-Корча во Албанија.

Објавено на

часот

Сподели

Уапсени се три лица на возраст од 27, 36 и 40 години, сите жители на Поградец, под обвинение „шверц на акцизна стока од Македонија“.

„ На влез на албанска од македонска територија, полициските службеници при контрола на секој од камионите што ги управувале овие лица, откриле дополнителна количина од по 600 литри дизел, кој бил скриен со намера да се внесе во Албанија, избегнувајќи го данокот на обврски. Како доказен материјал запленети се и трите возила“, се наведува во полициското соопштение.

Ова не е прв случај на спречен обид на шверц на гориво од макeдонска на албанска територија. Тоа е поради повисоката цена на горивата во Албанија, но и како што наведуваат медиумите, и поради подобриот квалитет. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ