Дуров беше приведен во саботата на аеродромот Ле Бурже во близина на Париз, како дел од истрагата за злосторства поврзани со детска порнографија, трговија со дрога и лажни трансакции на неговата платформа.
Белата куќа не го коментираше апсењето на Дуров, а францускиот претседател Емануел Макрон рече дека апсењето „во никој случај не е политичка одлука“.
Апликацијата Телеграм, со седиште во Дубаи, има речиси милијарда корисници и е особено влијателна во Русија, Украина и републиките на поранешниот Советски Сојуз.
Откако Русија ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, Телеграм стана извор за нефилтрирани, понекогаш и експлицитни и погрешни содржини од двете страни за војната.
Платформата стана она што некои аналитичари го нарекуваат „виртуелно бојно поле“ во војната, што интензивно го користат украинскиот претседател Володимир Зеленски и неговите функционери, како и руската влада, пишува Ројтерс.