среда, 4 декември 2024

Изрази на сочувство на српскиот патријарх Порфириј и на рускиот патријарх Кирил за упокојувањето на митрополитот Тимотеј

Српскиот патријарх г. Порфириј упати соопштение со сочувство до aрхиепископот Охридски и Македонски г. Стефан по повод упокојување на митрополитот Дебарско-кичевски, Тимотеј.

Објавено на

часот

Сподели

„ Со длабоко жалење ја примивме веста за упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, со кого пред нешто повеќе од еден месец служевме света литургија во манастирот Џуниса. Епископот блажен Тимотеј, како верен Христов сведок, копнееше за единство и, кога дојде полнотата на времето, вдахновен од Светиот Дух, решително придонесе за воспоставување на нарушеното единство на Црквата, служејќи лично божествена служба, среќавајќи се и соработувајќи со нас и со браќата архиепископи на Српската православна црква, ги залечи раните што постоеја поради децениското разделување. Така стекна голема почит меѓу свештенството и верниот народ на Пеќската патријаршија. Накратко и најточно кажано владиката Тимотеј го видовме како наш најблизок Христов брат“, вели српскиот патријарх г. Порфириј.

Затоа, додава српскиот патријарх, „ бидете уверени, блажени, дека ќе се погрижиме молитвено да го чуваме споменот на незаборавниот митрополит Тимотеј како наш постар брат и искрен пријател кој не се двоумеше да нè заштити, надвор од дворските манири, со искрена братска љубов“.

Понатаму, израувајќи сочувство, патријархот на СПЦ, Порфириј го замолува архиепископот на МПЦ, г.г. Стефан да ги пренесе израизте на сочувство „ до полнотата на Македонската православна црква“.

„Те замолуваме, драг наш брате и сослужител во Христа, за загубата на големиот архиереј и пастир, блажениот митрополит Тимотеј, да ги примиш изразите на нашето најискрено сочувство, но и да ги пренесеш до полнотата на Македонската православна црква. Му се молиме на Воскреснатиот Господ неговата праведна душа да престојува во небесната населба каде што Божјите пријатели се вечно блажени!Со љубов кон Исус Господ“, се вели во соопштението со сочувство од српскиот патријарх г. Порфириј.

Писмо со сочувство писмо со сочувство по повод упокојувањето на митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј, упати и рускиот патријарх Кирил, адресирајќи го до „ Неговото Блаженство, Блаженејшиот Стефан, Архиепископ Охридски и Македонски, Митрополит Скопски“.

„ Во името на епископатот, свештенството и верните чеда на Руската Православна Црква, како и во мое лично име, упатувам длабоко сочувство до Вашето Блаженство и членовите на Светиот Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија по повод преставувањето на еден од најстарите нејзини архијереи – митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј.

Владиката беше човек со длабока вера, кој својот живот го посвети на работа за доброто на Македонското Православие. Имав чест лично да го познавам покојниот и неколкупати да се сретнам со него. Веста за неговото упокојување ја примив со болка во своето срце.

Господ Исус Христос, Воскресението и Животот (Јован 11, 25), нека ја упокои душата на новопреставениот архипастир во блажените населби на праведните, каде што нема болка, ни тага, ни воздивнување. Вечен и благ спомен!“, се вели во писмото со сочувство на рускиот патријарх Кирил.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ