понеделник, 18 ноември 2024

Османи побара појаснување, Вучевиќ веднаш му одговори, а се вмешаа и Ковачевски и Вучиќ

Објавено на

часот

Сподели

Очекуваме појаснување од министерот за одбрана на Србија, напиша Османи во објавата на фејсбук.

Вучевиќ за ТВ Пинк изјави дека постои голема меѓународна поддршка за создавање на голема Албанија, нагласувајќи дека тоа не е прашање само за Србија, туку и за нејзините соседи.

Дали нашите пријатели во Северна Македонија спијат мирно? Дали спиете мирно? Тие мислат дека се во НАТО пактот и ги решиле своите проблеми со него. Тоа е мантрата и на Црна Гора и на Северна Македонија. Кога станаа членки на таа колективна безбедност, односно НАТО Алијансата мислат дека си ги решиле сите проблеми и дека ништо не може да им се случи, рече Вучевиќ. 

По реакцијата на Османи, на социјалната мрежа Икс веднаш се огласи Вучевиќ, одговарајќи му дека „и покрај сите злонамерни и неосновани медиумски известувања, Србија делува како одговорен, доверлив и предвидлив партнер на сите наши соседи. Подрршката на Србија за територијалниот интегритет на сите земји-членки на ОН е безусловна. Сепак, не можеме да пофалиме ничие непочитување на нашиот сопствен територијален интегритет. Неодамнешните настани ги потврдија нашите предупредувања дека Унилатералната декларација на независност на Косово (sui generis) не е уникатен случај дека ќе им се врати порано или подоцна. Никој во Србија не ликува за тоа, само ги посочуваме фактите, напиша Вучевиќ. 

Синоќа на заедничката неформална вечера на лидерите на Западен Балкан во Атина, на  средбата меѓу македонскиот премиер Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вучиќ, се разговарало и за оваа преписка по социјалните мрежи на нивните министри.

Вечерва разговаравме со српскиот претседател Александар Вучиќ во Атина. Ме увери дека како преставник на српската држава, тој ги смета македонскиот народ и македонската држава за исклучително пријателски и дека доколку некој македонски граѓанин е навреден од која било порака од српската држава, тој лично ќе се извини, објави Ковачевски на неговата Фејсбук страница.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ