Роберт Фицо беше погоден со четири куршуми во атентат во средината на март, додека Трамп беше полесно ранет во атентат на 13 јули, откако куршум му го прободе горниот дел од увото.
„Сите овие напади се насочени кон политичарите кои се спротивставуваат на војната и се залагаат за мир“, изјави Орбан за државното радио Кошут.
„Провоените сили се толку возбудени, напнати, охрабрени и толку организирани што се обидуваат да ги отстранат од сцената, од центарот на политичкиот живот, оние сили кои се залагаат за мир“, додава Орбан. Тој претходно изјави дека Трамп го преживеал нападот затоа што „Бог има план за него“ да промовира мир.
Неговиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, рече дека Унгарија го гледа можниот втор мандат на Трамп како „шанса за мир“ во Украина. Орбан е во добри односи со Трамп од неговата победа на претседателските избори во САД во 2016 година.
По средбата со Трамп пред една недела, набргу откако тој присуствуваше на самитот на НАТО во Вашингтон, Орбан сподели фотографија од нивната средба во одморалиштето Мар-а-Лаго на Трамп во Флорида на платформата Икс со опис: „Мировна мисија 5.0 (…) Разговаравме за начините за постигнување мир. Добрата вест на денот: тој ќе го реши тоа!“.