четврток, 21 ноември 2024

Орбан свика итен состанок на Советот за одбрана

Унгарскиот премиер Виктор Орбан свика состанок на Советот за одбрана на таа земја.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Унгарските медиуми ја пренесуваат изјавата на портпаролот на Орбан Берталан Хаваши дека состанокот е свикан поради најновите случувања во врска со војната во Украина и сè поголемиот ризик од ескалација на конфликтот, пишува Дејли њуз Хунгари.

„Орбан, лидерите и државните секретари на соодветните министерства, советникот на премиерот за национална безбедност и командантот на оружените сили на Унгарија ќе ја разгледаат ситуацијата по американската одлука да се дозволат напади длабоко во руска територија со оружје испорачано од САД“, навел Хаваши пред состанокот.

Тој навел дека на масата е и „проценката на одлуката на Москва да ја прошири листата на закани на кои Русија потенцијално би одговорила со нуклеарно оружје“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ