Од Беса најавуваат договор со Алтернатива, како и дека многу скоро партиите ќе информираат за тоа.
На последните парламентарни избори и двете партии беа во коалиции со други партии. Беса беше во коалиција со СДСМ, но излезе од владината коалиција, а Алтернатива беше во коалиција со Алијанса на Албанците. И таа беше во владината коалиција, но излезе од неа. Беса има двајца пратеници, додека Алтернатива тројца.
Претседателот на Собранието Талат Џафери, запрашан кога ќе ја отпочне постапката за избор на нов член на ДИК, кажа дека во моментот кога ќе поднесат барање тој ќе ја отпочне процедурата за избор на нов член на највисокото изборно тело.