Тоа што Трамп „го кажува, дури и во афект, тоа тој го остварува на прекумерен начин“, оцени Оланд кој беше на функција во речиси исто време кога и Трамп во својот прв мандат.
Оланд смета дека Трамп ќе престане да ѝ помага на Украина „што ќе претставува проблем на нерамнотежа на силите“, а потоа на рускиот претседател Владимир Путин ќе му дозволи да задржи дел од територијата под контрола на руските сили.
Според него, Трамп потоа ќе им каже на Европејците дека се задолжени за безбедноста на остатокот на Украина, како и за реконструкцијата на таа земја.
„Накратко, Трамп не подготвува мир туку капитулација на Украина“, заклучи поранешниот претседател на Франција.