понеделник, 28 октомври 2024

Оклахома тргна моќно во новата сезона од НБА, трета победа со двоцифрена разлика (ВИДЕО)

Трет натпревар и трета убедлива победа за Оклахома на стартот од новата сезона во НБА, овојпат ја совладаа екипата на Атланта со 128-104.

Објавено на

часот

Сподели

Благодарение на одличната игра во второто полувреме, особено во последната четвртина која ја добија со 39-18, Оклахома дојде до уште една голема победа, овојпат настрада Атланта.

Оклахома покажува моќ на стартот од сезоната, за нив ова беше трета победа по ред со двоцифрена разлика.

Предводник и во овој триумф беше Шеј Гилџес Алекснадер на кој му недостасуваше само една асистенција за трипл-дабл. Постигна 35 поени, имаше 11 скокови и девет асистенции. Холмгрен даде 25 поени. Најдобар кај Атланта беше Тре Јанг со 24 поени.

Резултати:
Индијана – Филаделфија 114-118
Бруклин – Милвоки 115-102
Портланд – Њу Орлеанс 125-103
Оклахома – Атланта 128-104
Голден стејт – ЛА Клиперс 104-112

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ