среда, 27 ноември 2024
Се заканува еколошка катастрофа

Огромни експлозии на танкер полн со нафта во Црвеното Море (ВИДЕО)

На танкерот Сунион, кој во средата беше нападнат во Црвеното Море, дошло до огромна експлозија, по што избувнал пожар, објави британската канцеларија за поморски трговски операции (УКМТО), пренесува Ројтерс.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Еден ден порано, екипажот на танкерот бил евакуиран, претходните напади врз танкерот, исто како вчерашната огромна експлозија, им се припишуваат на јеменските исламистички милитанти, Хутите.

Сунион пренесува 150.000 тони сурова нафта. Доколку нафтата од танкерот што сѐ уште плови заврши во Црвеното Море, тоа ќе биде еколошка катастрофа.

„Бродот припаѓа на компанија која има врски со израелскиот непријател и ја прекрши одлуката за забрана за влез во пристаништата на окупирана Палестина“, рече воениот портпарол на Хутите, Јахја Сари во говор емитуван на јеменска телевизија.

Хутите, кои ги контролираат најнаселените региони во Јемен, во четвртокот признаа дека го нападнале танкерот со нафта Сунион во Црвеното Море еден ден претходно. Исламистичката група, која е поддржана од Иран, со месеци напаѓа бродови, како што тврдат, во знак на солидарност со Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас во Газа.

Танкерот Сунион првпат беше погоден во средата од два мали брода што му се приближија на околу 143 километри западно од јеменското пристаниште Худајда, соопшти УКМТО.

Грчкиот министер за поморски работи го осуди нападот како флагрантно кршење на меѓународното право.

Хутите тврдат дека дејствуваат како поддршка на Палестинците во војната меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа. Тие тврдеа, честопати лажно, дека напаѓале само бродови поврзани со Израел, САД или Обединетото Кралство.

Хутите не ги одврати распоредувањето на западните воени бродови во Црвеното Море, ниту американските и британските воздушни напади на територијата што ја контролираат во северозападен Јемен. Израел, исто така, минатиот месец го бомбардираше пристаништето Худајда како одмазда за смртоносниот напад со беспилотни летала врз Тел Авив.

Танкерот Сунион, долг 274 метри и широк 50 метри, носел сурова нафта од ирачкото пристаниште Басра кога бил нападнат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ