недела, 17 ноември 2024
Школа за млади лидери во Охрид

Одлика на вистинските лидери е да носат и одлуки што нема да бидат прифатени од сите

Во Охрид синоќа започнаа сесиите во рамки на 14. Школа за млади лидери востановена од страна на поранешниот претседател Ѓорге Иванов. Иванов во обраќањето на младите лидери им порача никогаш да не ја губат надежта и трпението, секогаш да размислуваат позитивно, да бидат подготвени континуирано да се образуваат и да се развиваат, а тоа можат да го постигнат со самокритичност, самодоверба и саморефлексија. Поранешниот претседавач на претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, на учесниците им порачал дека не сите одлуки ќе бидат прифатени од останатите, но тоа е одлика на вистинските лидери.

Објавено на

часот

Сподели

Темата на овогодинешната Школа за млади лидери е „Едукација – трансформација – лидерство“ и на истата учествуваат четириесетина учесници од различни земји од светот, од Македонија, Србија, САД, Азербејџан, Турција, Јемен, Алжир, Нигерија, Германија, Филипини и Канада, кои своите знаења, вештини и амбиции за лидерство ќе ги градат и развиваат со повеќе од дваесет меѓународно признати професори, експерти од различни области, актуелни и поранешни политичари.

Поздравно обраќање пред младите лидери имап и поранешниот претседавач на претседателството на Босна и Херцеговина, Младен Иваниќ, кој зборувал за лидерството, за одлуките што треба да ги носат младите во иднина, истакнувајќи дека не сите одлуки ќе бидат прифатени од останатите, но тоа го посочи како одлика на вистинските лидери.

Школата за млади лидери на иницијатива на претседателот Иванов беше востановена на почетокот на неговиот прв мандат. Од 2010 година на досегашните 13 сесии на Школата учествуваа 509 млади луѓе од земјата и од странство, со различна академска и професионална позадина.

„Во склоп на Школата за млади лидери, низ годините до сега предавања одржаа над 322 реномирани предавачи од Македонија, Европа и светот. Во 2018 година, проектот Школа за млади лидери на претседателот Иванов, е прогласен за најдобар социјално одговорен проект во Европа за 2017 година од страна на Светскиот инвестициски форум на бизнис-ангели“, соопштија од Кабинетот на Иванов.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ