петок, 29 ноември 2024

Одегард се повреди во најлошо време за Арсенал

Капитенот на Арсенал, Мартин Одегард кој е еден од клучните фудбалери во тимот се повреди токму пред дербито против Тотнем кое се игра во недела.

Објавено на

часот

Сподели

На вчерашниот меч меѓу Норвешка и Австрија, Одегард го повреди зглобот по што со помош на докторите беше изваден од игра.

„Повредата на Мартин Одегард изгледаше лошо и во соблекувалната исто така“, рече селекторот на Норвешка, Солбакен.

Изјавата на докторот е нешто пооптимистичка.

„Тој малку го истегна зглобот. Ќе видиме, може ќе користиме ултра звук за да видиме. Ако не сме сигурни утре ќе има магнетна резонанца“, вели докторот.

Привичните прогнози се дека Одегард ќе паузира околу еден месец, но денеска, евентуално утре ќе се утврди колку навистина е тешка повредата и откако ќе се даде точната дијагноза, ќе се знае и колку точно ќе биде надвор од теренот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ