недела, 20 октомври 2024

Обвинителите од штипското подрачје бираат нов член на Советот на јавни обвинители

Советот на јавните обвинители денеска спроведува избори за член на Советот од редот на јавните обвинители од подрачјето на Вишото јавно обвинителство Штип, со изборно место број 4. Новиот член на Советот ја јавни обвинители доаѓа на местото на обвинителката, Јасна Жежова чиј мандат завршува на крајот на оваа година.

Објавено на

часот

Сподели

На листата се тројца јавни обвинители, Златко Иванов, јавен обвинител од ОЈО Струмица, Јелена Колева Догазанска, јавна обвинителка од ОЈО Штип и Даница Монева, јавна обвинителка од Вишото јавно обвинителство Штип.

Гласањето трае до 16 часот, по што комисијата која ги спроведува изборите ќе треба да ги достави изборните материјали во Советот на јавни обвинители, каде ќе бидат сумирани резултатите.

Новиот член на Советот ја јавни обвинители доаѓа на местото на обвинителката Јасна Жежова чиј мандат завршува на крајот на оваа година.

Советот на јавни обвинители е составен од 11 члена, од кои по функција член на Советот е јавниот обвинител на Македонија; еден член избираат јавните обвинители во Јавното обвинителство на Македонија, од своите редови; по еден член на Советот избираат јавните обвинители од подрачјата на вишите јавни обвинителства Битола, Гостивар, Скопје и Штип, од своите редови; еден член на Советот, припадник на заедница која не е мнозинство во Македонија, го избираат сите јавни обвинители од своите редови и четворица членови на Советот ги избира Собранието од редот на универзитетски професори по право, адвокати и други истакнати правници, од кои двајца се припадници на немнозинските заедници. Мандатот на избраните членови на Советот трае четири години со право на уште еден избор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ