Станува збор за капитално дело кое фрла нова историска светлина врз животот и делото на Михаило Апостолски. Авторот го обработува животниот пат на генералот Апостолски, почнувајќи од неговите младешки денови, военото образование, неговата улога во Народно-ослободителната војна, воената и општествено-политичката кариера, па сè до неговите научни достигнувања и признанија, наведуваат од „ Матица Ексклузив“.