Реал Мадрид синоќа со 0-3 славеше на гостувањето кај Леганес и на најдобар можен начин за подготви за гостувањето на Енфилд и пресметката против Ливерпул во Лигата на шампиони.
Сепак, Карло Анчелоти и „кралевите“ утрово добиле лоши вести, ќе мораат на мегдан против „црвените“ без Винисиус Жуниор.
Бразилецот синоќа се пожалил на болки, а направените детални тестови покажале дека има повреда на задната ложа на левата нога.
Како што пренесуваат медиумите од Шпанија, Винисиус Жуниор ќе паузира помеѓу три и четири недели, и големи се шансите за него да заврши годинава, иако постојат можности тој да се врати во тимот за евентуалното финале на Светското клупско првенство.