понеделник, 25 ноември 2024

Нов напад со дронови врз Киев, има загинати и ранети

Објавено на

часот

Сподели

„Успешно изведовме операција за противвоздушна одбрана, уништени се 20 дронови „шахед“, сите што летаа беа соборени. Уништени се и две крстосувачки ракети „калибр“, изјави портпаролот на воздухопловните сили Јуриј Игнат.

Ова беше трета ноќ по ред на напади на главниот град, кои се случија само неколку часа по завршувањето на самитот на НАТО во Литванија. Отпадоци по падот на дрон биле пријавени во пет области, а најмалку две лица биле испратени во болница со рани од шрапнели. Градоначалникот Виталиј Кличко изјави дека едно тело било пронајдено во станбена зграда во областа Подилски, северно од центарот на Киев

Претходните два дена на самитот на НАТО во Вилнус, поддршката на Западот за Украина беше на врвот на агендата. На самитот учествуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој го искористи своето присуство за да се заложи за членство на Украина во алијансата, но заклучокот од самитот е дека тоа ќе биде можно само кога сојузниците ќе се договорат и ќе ги исполнат условите.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ