„Преку овие два договори, Грција и Бугарија, ѝ ja наметнаа својата домашна дискриминаторска политика базирана на кршење на основните човекови права на Македонците и врз Република Македонија. Силни сведоштва за ваквата политика на кршењето на основните човекови права на Македонците во Грција и Бугарија се бројните пресуди против овие земји во Судот за човекови права во Стразбург.
Исто така факт е дека на 30 септември 2018 година, македонската нација резолутно, јасно и кристално јасно кажа НЕ во НАТО и ЕУ под името Северна Македонија. Ова е политичката воља на македонскиот народ од која, ние и поголемиот дел од македонскиот народ, не отстапуваме и никакви политики или пак извршни наредби од претедателот на САД нема да нè одвратат од нашето основно човеково право, но и љубов, ние, нашата земја да си ја нарекуваме Република Македонија. Ваквиот наш став ќе биде за век и веков, сè додека не си го вратиме нашето свето име Република Македонија. Македонскиот народ има природно и секакво друго право да се поврзува со територијата на која вековно живее. Ве повикуваме, да ја смените вашата политика која е против националните интереси на македонскиот народ“, се вели во реакцијата на организацијата Нов АСНОМ.