четврток, 28 ноември 2024

Њујорк тајмс: Новата руска ракета „орешник“ е оружјето со најголем дострел некогаш употребено во Европа

Новата руска балистичка ракета со среден дострел „орешник“ станала оружјето со најголем дострел користено во Европа, пишува Њујорк тајмс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„И покрај фактот што дострелот на летот на новата руска ракета е пократок од дострелот на интерконтиненталните балистички ракети, „орешник“ стана оружјето со најголем дострел некогаш употребено во Европа“, наведува американскиот весник, цитирајќи го експертот за безбедност Ник Браун.

Како што се напоменува во написот, и покрај фактот што „орешник“ не е интерконтинентална ракета, неговите техничко-тактички карактеристики му овозможуваат да стигне до „поголемиот дел на Европа“.

Се истакнува дека поради специфичноста на балистичката траекторија на летот и присуството на подмуниција, „орешник“ претставува речиси несопирлива мета за системите за противвоздушна одбрана со кои располага Украина.

„Балистичките ракети се лансираат во атмосферата со помош на ракетен мотор, а потоа се спуштаат со голема брзина поради гравитацијата. Ова би можело да го направи нивното пресретнување многу тешко за системите за ПВО и практично невозможно ако се испушти подмуницијата“, се наведува во написот.

Руската војска со оваа ракета на 21 ноември изврши напад на фабричкиот комплекс Јужмаш, во кој меѓу другото се произведуваат и ракети и ракетни мотори, во Дњепропетровск.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ