петок, 18 октомври 2024

Нишикори и Макарова јунаци на вечерта во Мелбурн

Објавено на

часот

Сподели

Во маратонски меч и голема борба успеа да го урне силниот Цонга: Кеи Нишикори

Нишикори до најголемиот успех во кариерата дојде по голема борба и пет сета, во кои покажа повеќе од францускиот тенисер. Јапонецот беше поконцентриран во финишот од мечот и заслужено се најде меѓу осумте најдобри на АО. За место во полуфиналето младиот Нишикори ќе се бори со четвртиот носител, Британецот Енди Мареј, кој лесно го мина Казахстанецот Михаил Кукушкин, кој откако освои само два гема во првите два сета реши да го предаде мечот.

Без проблеми во четврт-финалето се најде и Шпанецот Давид Ферер, кој со 3-0 во сетови го елиминира францускиот ас и 17-ти носител, Ришар Гаске.

Кај дамите, апсолутно никој не очекуваше толку лесна победа на Макарова над најдобрата светска тенисерка во последната деценија. Русинката триумфира со 6-2, 6-3 и се пласира во четврт-финалето. Макарова успеа да ја прекине серијата од 17 победи по ред на Вилијамс во Мелбурн, која триумфира во 2009 и 2010 година, а лани не настапи поради повреда. Нејзиниот пораз годинава е поврзан со повредата на скочниот зглоб поради што Вилијамс пред АО настапи на само два меча, а дуелот со Макарова го одигра со еден куп испиени медикаменти против болка.

Ја запре серија од 17 победи по ред на Серена Вилијамс: Екатерина Макарова

Меѓу осумте најдобри се најдоа уште и Чешката Петра Квитова, кој ја совлада Ана Ивановиќ (Србија) со 2-0 во сетови, како и италијанската тенисерка Сара Ерани, која со само три загубени гема ја елиминира Кинеската Ји Женг.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ