вторник, 19 ноември 2024

Николоски: По Нова година започнуваме со проектот „Купи куќа за млади“

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски најави дека по Нова година од Министерството за транспорт ќе бидат конкретизирани условите и начинот на кој младите брачни двојки ќе можат по поволни услови да учествуваат на проектот „Купи куќа за млади“.

Објавено на

часот

Сподели

„ Сакам да најавам дека од следната година, ќе почнеме да го развиваме проектот ‘Купи куќа за млади’, кој треба да им овозможи на многу млади брачни двојки да се стекнат со сопствен дом по исклучително поволни услови.  Затоа ги спремаме плановите и после Нова година ќе излеземе со конкретни предлози во кои општини ќе може тоа да се реализира и на кој начин ќе можат младите брачни двојки да добијат поддршка и помош за сопствен дом“, изјави министерот Николоски на настанот во организација на Сојузот на стопански комори, поврзан со иновативни решенија за паметни домови.

Нагласи дека иновативните предлози значат забрзување на стопанскиот и економскиот раст.

„ Дополнително има уште еден сегмент кој се однесува на дуалното образование и мислам дека тоа е клуч за генерациите што доаѓаат и нешто што треба да даде нова можност за македонската економија. Тука ги вклучуваме и иновативните решенија во однос на начинот на градење и изведба на објекти. Ние како Влада стоиме на располагање со цел да дадеме поддршка на вакви иницијативи“, истакна Николоски

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ