понеделник, 25 ноември 2024

Николоски: Догодина започнува реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродром

Министерот за транспорт, Александар Николоски, во интервју најави нова ера во развојот на авиосообраќајот преку охридскиот аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

„Со воведување на двете нови дестинации: Истанбул – Охрид и Базел Милхаус – Охрид, практично започнуваме нова ера во развојот на авиосообраќајот токму преку охридскиот аеродром.  Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи стратегијата ни даде резултати. Го донесовме Туркиш ерлајнс кој ќе лета 4 пати неделно од главниот аеродром во Истанбул кон Охрид и тој е еден од најголемите аеродроми со најмногу поврзувања“, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николски.

Тој потенцираше дека ова е успешен јавен повик, бидејќи на овој начин ќе се понуди Охрид како главен туристички центар во регионот, каде се отвораат можности за развој на туризмот.

„Од Охрид ќе може да се лета насекаде низ светот бидејќи сега се поврзуваме со главниот аеродром во Истанбул кој е еден од најголемите аеродорми со најмногу конектинг-летови. Потоа го имаме Охрид до Базел Милхус, аеродром на тромеѓето меѓу Швајцарија, Франција и Германија, кој пак отвора многу можности за нашата дијаспора и голем број туристи од тие земји “, истакна министерот Николоски.

Тој во интервјуто потенцираше дека е сменет моделот на субвенционирање по патник во доаѓање бидејќи се очекува дека овој модел ќе донесе дополнителни 200 илјади туристи годишно.

Николоски најави дека овој месец ќе се распише нов јавен повик, каде се очекува да се воспостават нови авиолинии од Охрид, а за наредната година да се започне со реконструкција на терминалната зграда на охридскиот аеродорм.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ