вторник, 26 ноември 2024

Нигерија: Најмалку 59 лица загинаа во експлозија на цистерна со гориво

Во експлозијата на камион цистерна со гориво во неделата во Нигерија загинаа 59 лица, соопштено е денеска, додека вчера беше соопштено дека загинале 48 лица.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Агенцијата за управување со катастрофи соопшти дека цистерната со гориво експлодирала кога се судрила со друг камион што превезувал луѓе и добиток. Пожарот ги зафатил двете возила и неколку други.

Официјален претставник на сојузната држава Нигер, каде што се случи несреќата, изјави за Би-би-си дека бројот на загинати може да се зголеми.

„Можно е пребарувањето да открие уште тела“, додаде тој.

Цените на бензините во Нигерија се зголемија за најмалку 39 отсто минатата недела, што е второ големо покачување за повеќе од една година, но недостигот продолжи, принудувајќи ги возачите да чекаат во редици со часови во поголемите градови и населени места во земјата.

Надлежните велат дека ова е една од најтешките несреќи што се случиле во таа земја.

Експлозиите на цистерни со гориво и сообраќајните несреќи се чести во Нигерија, главно поради лошите патишта.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ