Реткиот мерцедес е дел од колекцијата на Руди Клајн кој емигрирал од Германија во Соединетите Американски Држави и заработил богатство купувајќи и продавајќи ретки европски автомобили. Од 1967 година почнал да ја собира својата колекција, а по неговата смрт во 2001 година, неговото семејство ги задржало вредните автомобили повеќе од 20 години. Неколку од нив се во ужасна состојба, но овој мерцедес 300СЛ родстер може да се спаси.
Оригиналната боја на автомобилот била црвена, но таа е толку истрошена што останале само изложени метални делови. Одредени додатоци кои се монтирани од фабриката го прават овој автомобил особено пожелен.
Автомобилот излегол од фабриката во септември 1957 година и му бил доставен на првиот сопственик во Китцинген во Германија. Нема многу други детали за неговата историја, но се знае дека ги има оригиналниот мотор и шасија и предна и задна оска. Менувачот бил сменет и има поминато само 17.873 километри.
Реставрирањето на автомобилот е можно но ќе биде многу скапо. Каросеријата е главно здрава. Ентериерот ги има сите оригинални делови но исто така му треба темелно обновување.
Но ако некој има еден куп вишок пари и бара проект да ги потроши, ова е добра прилика.