петок, 18 октомври 2024

Навратилова: Вознијацки е незаслужено број 1, Квитова е подобра

Објавено на

часот

Сподели

Бодовниот систем на ВТА е „виновник“ што Вознијацки е најдоброрангирана на ВТА: Мартина Навратилова

Ова се зборовите на една од најдобрите тенисерки на сите времиња, 55-годишната Мартина Навратилова (Чешка), која смета дека во моментов нејзината сонародничка Петра Квитова е далеку подобра од Данката, но дека лошиот начин на пресметување бодови ја спречува да биде на врвот од ВТА-листата.

„Да постоеше системот на бодување од пред 15 и пред шест години, Квитова ќе беше број еден. Тогаш се добиваа бонус бодови за победа против некоја од десетте најдобри тенисерки во моментов. Квитова е многу подобра од Вознијацки во овој елемент. Единствената предност на данската тенисерка е што игра многу и што има повеќе победи против далеку полошо рангираните. Но тоа не е нејзин проблем, туку на ВТА“, смета Навратилова.

Натурализираната Американка со чешко потекло смета дека е грешка на ВТА што не ги смета средбите од Федерејшн купот во ранкингот на тенисерките.

„Мажите го сметаа настапот во Дејвис-купот, но кај жените не е така со Фед-купот. И тој елемент оди контра Квитова, која беше феноменална лани во ова натпреварување, во кое Чешка на крајот триумфира. Но мислам дека набргу работите ќе си дојдат на место и дека победничката на последниот Вимблдон ќе се искачи на одамна заслуженото место број еден на ВТА-листата“, дополнува Навратилова.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ