Два авиони на американските воздухопловни сили Б-52Х Стратофортрес пристигнаа во воздухопловната база Михаил Когалничеану во Романија од воздухопловната база Барксдејл во Луизијана, САД.
Тие ќе учествуваат во мисиите на НАТО со сојузниците и партнерите, заради подобра синхронизација на способностите, тактиките и процедурите.
„САД рутински ја демонстрираат својата посветеност кон сојузниците и партнерите на НАТО преку мисиите на оперативните сили бомбардери, обезбедувајќи безбедност и придонесувајќи за одвраќање, особено долж источното крило на НАТО“, соопшти Алијансата.
Стратегискиот бомбардер Б-52Х датира од почетокот на Студената војна во 1950-тите. Последниот примерок на Б-52Х беше произведена во 1962 година, но помина низ неколку процеси на модернизација.
Армијата на САД има 58 стратегиски бомбардери Б-52Х, од кои 46 се способни да носат нуклеарно оружје, а уште 18 авиони се во резерва.