понеделник, 18 ноември 2024
Меѓународен институт за хуманитарни и политички студии

На Трамп нема да му биде лесно да ја поништи одлуката за ракетите, вели експерт

На новоизбраниот претседател Доналд Трамп нема да му биде лесно да ја поништи дозволата Киев да напаѓа со долгометни ракети длабоко на руската територија, можен е конфликт со американската воена и политичка елита, а во тој случај Трамп може да биде обвинет за предавство на интересите на земјата, изјави за РИА новости Владимир Брутер, експерт во Меѓународниот институт за хуманитарни и политички студии.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Затоа Бајден донесе таква одлука, за Трамп да не може тукутака да ја поништи. Ако Трамп едноставно ја поништи, тоа ќе значи конфронтација со политичката елита, со воената елита, со елитата на Стејт департментот… Трамп веднаш ќе биде прогласен за губитник и за човек што ја издава Америка во интерес на Путин“, рекол Брутер.

Експертот појаснил дека самата одлука на Бајден можеби е техничка. „Некаде е преместена некоја запирка“, рекол тој.

„Трамп знае дека тоа е така. Ова го гледаме по тоа што сѐ уште нема реакција од Трамп. Ако Трамп имаше јасен став за ова прашање, досега ќе дознаевме, тој генерално е зборлив… Прашањето е дека ова (одлуката на Бајден) е ефикасен и евтин начин за суспендирање на ситуацијата. Сега Трамп ќе мора еднострано да ја откаже оваа одлука ако сака некако да тргне кон преговори“, нагласил експертот.

Претходно весникот Њујорк тајмс, повикувајќи се на неименувани претставници на американската администрација, објави дека американскиот претседател Џо Бајден за прв пат одобрил Украина да употребува американски ракети со долг дострел за напади на руска територија. Според изворите, првите напади длабоко во руската територија најверојатно ќе бидат изведени со помош на ракетите АТАКМС.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ