среда, 4 декември 2024

Италија и Германија одбиваат да му дозволат на Киев да користи западно оружје надвор од својата територија

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска во Брисел го потврди ставот на Италија за оружјето што ѝ се испорачува на Украина, а кое може да се користи „само на украинска територија“. И портпаролот на германската влада рече дека Германија останува на својата одлука да не ѝ испорачува ракети со долг дострел на Украина, пренесува Ројтерс.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Нашиот став за употребата на оружјето на Украина не се менува, тоа може да се користи само на украинска територија“, рече Тајани на маргините на состанокот на дипломатите на ЕУ.

Изјавата доаѓа по најавите дека Вашингтон ќе ѝ одобри на Украина да ја напаѓа руската територија со проектили со долг дострел доставени од САД, што е голема стратегиска промена околу два месеци пред Доналд Трамп да ја преземе функцијата.

Тие проектили со максимален дострел од неколку стотици километри би ѝ овозможиле на Украина да досегне до логистичките локации на руската армија и аеродромите од кои полетуваат нејзините бомбардери.

Тајани се заложи за „мировна конференција во присуство на Русите, Кинезите, Индијците и Бразилците“.

„Се надевам дека Пекинг може да одигра позитивна улога во тоа Москва да сфати дека оваа бесмислена војна мора да се прекине. Секако, присуството на севернокорејските војници не е добар сигнал“, додаде Тајани.

„Одлуката на канцеларот останува непроменета“, изјави портпаролот на германската влада на редовната прес-конференција во Берлин, реагирајќи на одлуката на администрацијата на Бајден.

Германија е вториот најголем снабдувач на Украина со воена помош по САД, но Шолц се противи на опремување на Украина со германските долгометни ракети таурус, стравувајќи од ескалација на конфликтот со Русија.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ