Неговата изјава доаѓа откако Сара Мејбрајд од демократската партија овој месец беше избрана за прва отворено трансродова членка на Конгресот. Претходно оваа недела пратеничката Ненси Мејс, сојузничка на новоизбраниот претседател Доналд Трамп, претстави резолуција со која на трансродовите жени им се забранува употреба на женските тоалети во Капитол.
Конгресменката од Јужна Каролина порача дека „биолошките мажи не припаѓаат во интимните женски простории“. Таа претстави закон со кој тоа правило би важело за сите сојузни објекти.
Правата на трансродовите лица се жешко прашање во Соединетите Американски Држави, поради учеството на трансродови лица во натпреварувачки спортови и други контроверзи, што предизвикува жестока дебата. Демократите и поддржувачите на ЛГБТ главно го осудија предлогот на Мејс, тврдејќи дека е напад на достоинството на трансродовите лица.
Мекбрајд, која ја презема функцијата во јануари, најави дека ќе ги почитува правилата поставени од Џонсон, „дури и ако не се согласува со нив“. „Секој од нас е испратен тука бидејќи гласачите во нас гледаат нешто што го ценат“, напиша таа на социјалните мрежи.
„Се радувам што ќе ги видам тие квалитети кај секој член во јануари. Се надевам дека сите мои колеги ќе се потрудат да го направат истото со мене“, додаде таа.