Пелистер пружи отпор во првата четвртина која заврши нерешено, но потоа кошаркарите на МЗТ Скопје заиграа многу подобро и почнаа да создаваат разлика, на одморот се замина со предност на домаќинот од 41-29.
Во продолжението од мечот, скопскиот тим ја одржуваше предноста, не дозволуваше Пелистер да се врати во игра, на крајот успеа и да ја зголеми за конечни 84-64.
Абу со 20 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје, Крстевски постигна 15, кај Пелистер Карпентер и Стајиќ постигнаа по 16 поени.
И вториот натпревар се игра во „Јане Сандански“, а потоа серијата се сели во Битола.