недела, 20 октомври 2024

Монети од две евра се фалсификуваат во Македонија

Објавено на

часот

Сподели

Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека побара едномесечен притвор за шестмината уапсени, од кои тројца македонски и тројца косовски државјани, кај кои на 28 ноември беа откриени метални монети со апоени од две евра, во вкупен износ од 85.010 евра.

Во барањето до Обвинителството кое го пренесе невладината „Заклетва на правдата“, која ја следи работата на косовските судски институции, се вели дека „постои сомневање оти обвинетите Б.А, Ш.А, А.А, С.Р, М.К. и Х.Д., со цел незаконски да се стекнат со материјална корист за себе и за групата, во неверификувано време обезбедиле фалсификувани пари, произведени во Македонија и вкупно 42.505 парчиња метални монети со апоени од 2 евра, во вкупен износ од 85 илјади евра“.

Во барањето е наведено дека осомничените потоа ги ставиле монетите во разни кеси, камуфлирајќи ги за да личат на товари обична стока и ги ставиле во автомобили, а потоа на 28 ноември годинава ги донеле во Косово, каде координирано се сретнале во Генерал Јанковиќ со обвинетите С.Р., М.К. и Х.Д. со цел заедно да го продолжат патот до Приштина, јави МИА.

 

МКД.мк уште лани пишуваше дека вработените на наплатните рампи на Јавното претпријатие за државни патишта веќе подолго време алармираат на појавата на фалсификувани монети од 2 евра за кои вината на крајот ja плаќаат тие од нивниот џеб. 

Ова не е нов проблем во земјите членки на ЕУ. Фалсификувани монети се појавуваат насекаде, а најчесто во Ирска, Италија, Грција и Бугарија. Лани летото големи полициски акции за откривање на лицата кои ги дистрибуираат и произведуваат фалсификувани монети од 1 и 2 евра имаше во Ирска и Италија.  Пред неколку години бугарската и грчката полиција, во заедничка истрага поддржана и координирана од Европол, разбиле организирана криминална група која произведувала фалсификувани монети евра.

Лани, во одговорите на прашањата на МКД.мк од Народна банка на Македонија рекоа дека за првите шест месеци од 2022 година биле примени 259 сомнителни ковани пари со апоенска вредност од 1 евро и 11.579 со апоенска вредност од 2 евра. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ